Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (10 февруари 2020 г.):
-во Брисел воздржаност за најавите дека ЕУ во март може да донесе одлука за почеток на преговори со Скопје и Тирана: едни ги плашат разликите за одлука во пакет или само за Северна Македонија, други не се сигурни дека има време па спомнуваат одложување за јуни;
-Македонија забрани увоз на РДФ-гориво чија употреба е стандард во ЕУ со години – сторија од Пескара (од фабриката од која „Усје“ набавуваше РДФ) и од Скопје (од единствената државна лабораторија која допрва ќе се акредитира, но не и за контрола на РДФ);
-истражување: дали функционира законската одредба секое дете со попреченост во основното образование да добие асистент;
-Нема „Оскар“ за „Медена земја“, но има признание дека двете номинации се рамни на тоа;
-„Саботажа“.