„360 Степени“ вечерва (13 јануари 2020 г.) од 22:00 часот се враќа на програмата на ТВ Алсат. Во ова издание ќе гледате:
-пет години по обелоденувањето на аферата со масовното прислушување и две и пол години по обвиненијата на СЈО – никој од претходната елита на власт не е во затвор: зошто и чија е одговорноста;
-ДУП-от за Маџир Маало во скопски Центар како парадигма за легислатива што штити урбанистички хаос и нехумано живеење: подзаконски акт не дозволува намалување на висината на градбите макар и цела населба останала во сенка;
-по изјавата на заменик-министерот Макрадули дека оваа зима скопјани дишат помалку загаден воздух – ги анализиравме податоците за последните осум години и ги вкрстивме со архивата за временските услови;
-луѓето без државјанство или т.н. фантоми не се нов феномен, нов е обидот на државата да ги види и да им ги овозможи основните граѓански права;
-„Саботажа“.