Во новото идание на емисијата ,,360 степени”, емитувано на 12 ноември 2021 г., гостуваше Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, од чие позиционирање ќе зависат случувањата на политичката сцена во следниот период
Сега не е добро да се оди на брзи избори, смета лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Тој во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека партијата е на ваков став со оглед на состојбата во која се наоѓаме, но и со тоа што во последните неколку години постојано сме во избори. Сепак, вели тој, Алтернатива не е толку моќна за да може да се спротивстави на такво нешто.
За идните чекори, Гаши вели дека прво ќе разговараат со ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, и доколку не се договорат за идното делување и интереси, ќе проценат дали треба да влезат во владата.
Во видеото, погледнете го интегрално интервјуто со Африм Гаши.