Шеесет и шест ученици останаа неповредени благодарение на брзата реакција на 13-годишно момче кое го го презело управувањето со училишниот автобус откако возачот изгубил свест

Дилон Ривс од средното училиште „Картер“ во Ворен, Мичиген, скокнал од своето седиште откако увидел дека на возачот на автобусот му се слошило и дека изгубил контрола врз возилото. На видеото од камерата во автобусот се гледа како возачот комуницира со централата дека не се чувствува добро. Набрзо на снимката се гледа Дилон како ја презема контролата врз автобусот.
Градските власти го прогласија Дилон за херој. „Многу сме горди на твоите херојски постапки“, соопштија од училиштето.