Откако матичната собраниска Комисија го верификуваше мандатот на новата пратеничка од редовите на СДСМ, претседателот на Комисијата, Панчо Минов, му се заблагодари на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ за досегашната работа како пратеник во Собранието, а на новата пратеничка Даниела Стојановска – Пановска ѝ посака успешна пратеничка работа
Откако претходно денеска беше констатиран од страна на Државната изборна комисија (ДИК), мандатот на новата пратеничка во Собранието од редовите на СДСМ, Даниела Стојановска – Пановска, официјално е верификуван и од матичната собраниска Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Стојановска – Пановска, инаку професорка во средно училиште, доаѓа на пратеничкото место на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, кому му заврши пратеничкиот мандат бидејќи беше именуван за нов амбасадор на Северна Македонија во Црна Гора,
Претседателот на собраниската Комисија, Панчо Минов му се заблагодари на Зеќир Рамчиловиќ за досегашната работа како пратеник во Собранието, а на новата пратеничка ѝ посака успешна пратеничка работа и функција.
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево одржа седница на која го констатираше мандатот на новата пратеничка. Поторетседателот на Комисијата, Дитмире Шеху информира дека Стојановска – Пановска во предвидениот рок ја известила ДИК дека го прифаќа пратеничкиот мандат. Посочи дека ДИК издала уверение за избраната пратеничка Даниела Стојановска – Пановска.