Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (13 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
– 75 илјади легализирани дивоградби меѓу причините за страотните размери на трагедијата во Турција; Бесправно изградените објекти во Македонија се озаконуваа само со геодетски елаборат, без проверка на безбедноста – што значи тоа ако тлото во земјава повторно здрма силно;
– Четири години по трагедијата кај Ласкарци: Како исти факти водат до различни заклучоци – вештачењето на обвинителството смета дека имало обид за кочење, но сопирачкиот систем не функционирал како што треба, а супервештачењето вели дека забавувањето на автобусот е резултат на други причини но не и на обид за кочење;
– Ни се допаѓало тоа или не, наскоро ќе мора да се увезуваат работници од странство – велат бизнисмени од земјава; И додека Владата прави планови за зголемување на квотата за увоз на работна сила, домашната продолжува да се постројува за извоз;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.