Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (4 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Руската инвазија во Украина и одговорот и интересите на Северна Македонија. Ова е работниот наслов на вечерашнава дебата со министерката за одбрана Славјанка Петровска и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Ќе разговараме за Декларацијата усвоена вчера во Собранието, ставовите за кризата на поединечните политички актери, прорускиот сентимент кај дел од населението, ризиците пред кои е исправена земјава, одговорот и однесувањето на власта, можните регионални импликации… Ќе го отвориме прашањето за членувањето во НАТО од аспект на придобивките, но и на обврските. Исто така, ќе зборуваме и за евроинтеграциите на земјава и за тоа дали актуелната криза околу Украина може да влијае на деблокирање на процесот за Северна Македонија и за Албанија. Ова и во светлината на оценката на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна гледна точка.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.