Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 јуни 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
– Неверојатно, но вистинито – семејство од Тетово ѝ плаќа на државата данок на имот за свое земјиште кое не може да го користи бидејќи на него има објект изграден токму од државата. Сагата трае, ни помалку ни повеќе, четири децении;
– Случај „Авторски права за кембриџ-учебници“: Шефот на рецензентската комисија од 2014 г. вели дека учебниците на „Арс Ламина“ победиле зашто речиси 100-отстотно соодветствувале на наставната програма, што го смета за сомнително;
– Евро 2020: По поразот од Австрија, се објективизира сликата за силината на другите репрезентации, но надежта за успех против Украина останува;
– Како Крушево без снег да не остане без туристи – поранешен светски шампион во планински велосипедизам помага да се изградат атрактивни бајкинг-патеки;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.