Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (27 септември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание на „360 степени“ објавуваме:
-Здруженија на Ромите алармираат дека припадници на оваа заедница се под притисок да се декларираат за Турци на пописот; Од организациите на Турците, пак, тврдат дека само бараат од сонародниците да не се откажуваат од својот идентитет;
-Предизборна слика од две мали општини со многу кандидати за градоначалник – Долнени (8 кандидати, сите мажи и ниеден независен) и Македонска Каменица (5 кандидати, тројца независни);
-Не можете да подмитите компјутер – вели еден од естонските експерти што ќе ја менторираат дигитализацијата во Северна Македонија;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.