Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (18 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Изборот на Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и реакциите што не запираат, се тема на ова издание на „360 степени“. Новиот бран реакции денеска дојде од неколку дипломатски претставништва кои на оваа тема придаваат големо значење. Новата американска амбасадорка Анџела Агелер порача дека за нив резултатот од изборите е збунувачки, особено, како што вели, откако во изминатите години потрошиле милиони долари на обуки на обвинители и на други во правосудниот систем. Од холандската амбасада, пак, текот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ го доведоа во директна врска со работата на ова обвинителство и како тоа ќе се справува со случаите на корупција и организиран криминал на високо ниво. Во слична насока е и реакцијата на Делегацијата на ЕУ. Дали овие пораки допираат до оние што треба, особено што се само продолжување на домашните реакции од стручната јавност и од невладиниот сектор? За овој корпус прашања вечерва разговараме со Дарко Аврамовски од Коaлицијата „Сите за правично судење“, Сузана Јошевска-Анастасовска – адвокатка и Васко Маглешов – новинар на БИРН Македонија („Призма“).
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.