Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува заменик-пртседателот на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, се емитува вечерва (24 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Алијанса за Албанците влегува во Владата, Алтернатива излезе, во ДУИ во тек се внатрешни превирања. Каде во сево ова е Движењето БЕСА? На оваа тема разговараме со заменик-претседателот на оваа партија, Арјанит Хоџа. Зошто Беса не е повидлива и поактивна во овие околности, дали се чувствуваат политички изолирнии на тема – интеграција на земјава во ЕУ, дали ВМРО-ДПМНЕ (со ваков став за уставните измени) може да биде прифатлив партнер за Беса, дали со жестоката критика против ДУИ и Артан Груби, ВМРО-ДПМНЕ и го крева рејтингот на партијата на Али Ахмети (и работи контра интересите на Беса) – се дел од прашањата за кои дебатираме со Хоџа. Го прашуваме и дали по излегувањето на Алтернатива од Владата, можна е соработка на Беса со оваа партија со чии членови некогаш беа дел од иста структура, како и дали Беса би размислила да влезе во предизборна коалиција во која би биле СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.