Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (28 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
За вечерва најавуваме:
– Наплив од реакции по сторијата за (не)ефикасноста на државната пошта – ни пишуваа граѓани, се покрена Владата, а темата заврши и на пратенички прашања: Има ли и кој е планот за Пошта на Северна Македонија;
– Зошто помпезно најавената фабриката за електрични автомобили кај Тетово сè уште е само во најава: Изградбата требаше да почне за шест до осум недели, а од 13 август поминаа двојно повеќе;
– Скопје месецов се сеќава на големата поплава од пред шеесет години – научена ли е лекцијата и има ли опасност убавиот Вардар пак да стане бунтовен;
– ЛГБТИ-центарот за поддршка одбележува десет години постоење и десет години од нерасчистените напади: Правата на оваа заедница остануваат табу-тема за ВМРО-ДПМНЕ и за партиите на Албанците;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.