Вечерва со почеток од 19 часот, на НОВА ТВ ќе се одржи последнот соочување на кандидатите за претседател на Хрватска. Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ се во неизвесна „трка” по гласови, имајќи предвид дека анкетите покажуваат прилично изедначени шанси за победа.
Според пресметките на изборните штабови на двете партии за победа ќе бидат потребни над 1.050.000 гласови. Од таборот на Грабар-Китаровиќ сметаат дека шансите за успех ќе им се зголемат доколку успеат на своја страна да ги продобијат гласовите на десничарот Мирослав Шкоро, кој беше на трето место во првиот круг на изборите.
Од штабот на Милановиќ, предвидуваат одзивот да се движи од 51 до 55 отсто. Најмногу се надеваат на гласовите од Загреб, каде што се очекуваат да освојат повеќе од 250.000.