Последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование наука и култура, СОНК и Министерството за образование и наука, ќе се одржи денеска во 18 часот на Зум платформата, информираше на својот Фејсбук профил претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
„За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку соопштение за јавноста“,
напиша Неделков.
Синдикатот штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот.
Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена, кои истекуваат е денеска.
Просветните работници бараа покачување за 18,4 отсто, а властите ветија 12 отсто, но досега не дојде до заеднички договор.