На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, со барем една доза се вакцинирани вкупно 249 187 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399 962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150 775 граѓани.
Во текот на вчерашниот ден, прва доза вакцина примиле само 1 755 граѓани, а заедно граѓаните кои примиле и ревакцина, вкупно биле аплицирани 9 142 вакцини.
Со последните бројки, 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Во наредните денови се очекува да се зголеми трендот на вакцинирање, откако вчера стигнаа околу 12 илјади дози вакцини на „Фајзер“. Според најавите, наскоро треба да стигнат и најавените донации од Турција, Грција и Бугарија, како и поголемите пратки од 500 илјади вакцини на „Синовак“ .
