Вархеји во текот на својот престој во Софија денеска порача и дека е разочаран поради тоа што и после две години и натаму се зборува за почеток на преговори за С Македонија и Албанија со ЕУ
Еврокомесарот за проширување на Унијата, Оливер Вархеји, ја заврши својата посета во Софија, од каде порача дека водел отворена дискусија со премиерот Петков за идните чекори кои би можеле да придонесат до меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија.
„Ја завршив мојата посета на Софија со надеж дека ќе можеме да продолжиме со нашата политика на проширување, додека руската војна прави да вложуваме повеќе папор во тоа. Му благодарам на премиерот Кирил Петков за отворената дискусија за идните чекори, кои ќе не однесат до отворање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија“,
напиша Вархеји на Твитер.
I ended my Sofia visit w/ the hope that we can proceed w/ our Enlargement Policy as Russia’s war on ?? makes as to put more effort into it. I thank PM @KirilPetkov for having an open discussion about future steps, which will guide us to the 1st IGC between ?? & ?? pic.twitter.com/ww0QY9ZGk3
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) April 26, 2022
Вархеји во текот на својот престој во Софија денеска порача и дека е разочаран поради тоа што и после две години и натаму се зборува за почеток на преговори за С Македонија и Албанија со ЕУ и порача дека ќе ја посетува Софија колку што е потребно, со цел што побргу да се решат отворените прашања меѓу С Македонија и Бугарија.
„Ќе доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да може да се дојде до решение до јуни годинава. Војната ни покажа дека немаме време за губење. Не само што немаме време, туку немаме интерес, немаме интерес да губиме повеќе време“,
изјави Вархеји.
По посетата на Софија, еврокомесарот Вархеји се очекува да пристигне во посета на Скопје.