Експертите истакнуваат дека никогаш претходно толку многу тимови не работеле истовремено за да создадат лек што може да спаси милиони животи како што е мобилизацијата во случајот со ковид 19
Во светот во процес на развивање се повеќе од 160 потенцијални вакцини за заштита од коронавирус.
Експертите истакнуваат дека никогаш претходно толку многу тимови не работеле истовремено за да создадат лек што може да спаси милиони животи како што е мобилизацијата во случајот со ковид 19, болест предизвикана од новиот коронавирус од кој досега во светот заболеа над 21 милион луше, а над 760 000 починаа.

На прашањето кога ќе има вакцина против смртоносната болест која го претвори светот во своевиедн карантин, експертите одговараат со – само кога ќе има целосно функционална, тестирана и докажана безбедна вакцина со која светот ќе може да започне да се враќа во нормала.
Трката со времето во моментов ја предводи руската групација од Институтот за истражување Гамалеја. Русија веќе ја одобри вакцината за употреба за своите граѓани иако се уште не се поминати вообичаените серии тестови.

Врз основа на податоците од Светската здравствена организација, 139 потенцијални вакцини се уште не се во фаза на тестирање на луѓе.

-Девет се во прва фаза кога се тестира безбедноста и дозата;
-12 вакцини се во втора фаза, што означува дополнителни и пошпирени тестирања на безбедноста;

-Шест вакцини се во трета фаза на тестирање кога се проверува колкава е сеопфатноста на нивната ефикасност;
-Една е одобрена од владина агенција и ниту една не е пуштена во масовна употреба
Фази на тестирања
Тестирањето на вакцината има повеќе фази:
Претклиничко – кога потенциалното соединение за вакцинирање се дава на животни или преку компјутерско моделирање се утврдува дали може да делува на луѓето.
Фаза 1 – потенцијалната вакцина се дава на мал број луѓе – обично до 100 – за да се тестира дали е безбедна за да може натаму да се тестира на голема група луѓе.
Фаза 2 – тестирањето се прави на поголема група на луѓе – обично неколку стотици, при што им се дава вакцината за да открие дали развива имунолошки одговор и дали може да биде ефикасна во спречувањето на некоја болест. Тука може да се добијат податоците за несаканите ефекти.
Фаза 3 – тоа е многу пошироко проучување на илјадници луѓе за да се види нивото на заштита што вакцината би го обезбедила за општеството во целина. Овде треба да се добие многу поширок спектар на несакани ефекти.
Лиценцирање – тоа е анализа на испитувањата од страна на владините тела за да се утврди дали потенцијалната вакцина треба да се користи во пошироката јавност. Во секоја земја таквата агенција различно се нарекува.
Дистрибуција – кога вакцината се одобрува како безбедна за употреба од страна на владината агенција, таа мора да се дистрибуира преку здравствениот сектор за да се обезбеди имунитет на заедницата (или познато како имунитет на стадо).