Русија започна со производството на вакцината против вирусот „ковид 19“, објави денес агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на тамошното Министерството за здравство.
Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ е прва што се произведува во светот. Таа треба да се појави на пазарот на крајот на месецот.
Некои научници сепак изјавија дека стравуваат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, пренесува Ројтерс.