Министрите вчера повикаа сите политички сили во Северна Македонија да ги поддржат уставните измени и посочија дека нови барања ќе нема

Вајмарската тројка е во дводневна посета на земјава, а во текот на денешниот ден се очекува да го посети Собранието.
Тројката составена од државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоренс Бун, германската министерка за Европа, Ана Лирман, и министерот за европски прашања на Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, во парламентот ќе се сретнат со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Исто така, се очекуваат средби и со координаторите на пратеничките групи.
Во текот на дводневната посета Вајмарската тројка вчера се сретна со државниот врв и со претставници на политичките партии.
Тие повикаа сите политички сили во Северна Македонија да ги поддржат уставните измени и посочија дека нови барања ќе нема. 2030 година, според нив, е реална цел за членство на земјава во ЕУ, но затоа сега е моментот да се преземе одговорност.
*Поврзани вести:
- Сите политички сили во С Македонија да ги поддржат уставните измени, нови барања нема да има – порака од „вајмарската тројка“
- Пендаровски на средба со „Вајмарската тројка“: Државата останува посветена на започнатиот преговарачки процес со ЕУ
- Ковачевски се заблагодарил што „Вајмарската тројка“ ги охрабрила партиите да гласаат за уставните измени
- Мицкоски до „Вајмарската тројка“: Се залагаме за членство во ЕУ, но уставни измени под диктат на Бугарија се неприфатливи
- Ахмети верува дека во ВМРО-ДПМНЕ има „европски сили, што не сакаат изолација на државата“