Научникот од Манчестер, Мохамед Галајини, бил во посета на своето семејство во енклавата кога израелските проектили ја погодија Газа. Сега не сака да замине оттаму

Мохамед Галајини се разбудил од звукот на појдовниот ракетен истрел. Било 6 часот наутро, во саботата на 7 октомври, а неговата прва мисла била колку надреално звучеле ракетите на прекрасното утринско небо над градот Газа.
Наскоро увидел дека работите овој пат ќе бидат поинакви, а не како претходните израелски напади врз енклавата. Неговото сведоштво за случувањата во Газа го пренесе „Гардијан“.
„Кога видов видеа од внесување израелски заложници во Газа и запленети израелски воени возила, разбрав дека е нешто големо“,
рече тој.
Галајини, неговата мајка Мона и неговата сестра Сондос исплашено се прашувале дали треба да се преселат.
Додека размислувале за своите опции, слушнале силен тресок и звук на кршење стакло – зграда оддалечена само 100 метри била погодена.
Тие и нивните соседи избегале од своите станови на 10-тиот кат од зградата на брегот на Газа, плашејќи се дека се премногу изложени на она што знаеја дека ќе дојде.
Зуењето на беспилотните летала над нивните глави се засилувало, додека тие преку ноќ ги полнеле своите торби со пасоши, лекови и книги, облека, тоалети и полначи – колку што можеле да носат.
„Тешко е да го напуштиш својот дом без да знаеш дали ќе имаш дом во кој ќе се вратиш“,
рече тоj, без да знае дека ова ќе биде прв од трите пати што ќе побегне за само една недела.
Галајини (44), научник за квалитетот на воздухот кој живее во Манчестер, се вратил во својот роден град Газа Сити во септември, со намера да остане три месеци.
Тој рече дека бил на пауза во кариерата и сакал повторно да се поврзе со својот татко и полубраќата.
„Тоа беше можност да поминам значаен период дома, повторно да се поврзам со семејството и пријателите. Патувањето во Газа е тешко поради египетските и израелските ограничувања, така што сум го посетил само три пати во речиси 20 години, и секогаш на помалку од еден месец.“
Имал чувство на одговорност да ја искористи својата работа за да се поврзе со другите во Газа, обидувајќи се да го подобри воздухот што виси над густо населената енклава од 2,3 милиони луѓе.
Повеќето од нив се натрупани во бетонски блокови од кули во услови на 16-годишна блокада на Појасот Газа.
„Подготвував истражувачки семинар, размислувајќи кого да поканам. Сега сето тоа е во воздух, како и самото преживување во Газа“,
рече тој, еден ден откако Израел ги започна воздушните напади по упадот на милитантите на Хамас во кој сега загинаа повеќе од 1 300 Израелци.
Неговата мајка и сестра побегнале преку границата Рафах, преминувајќи во Египет во неделата, откако неговата мајка во последен момент добила дозвола да замине.
Во понеделникот, Галајини побарал засолниште со својот татко над неговиот здравствен центар во градот Газа. Двајцата бегаат посеверно, надевајќи се дека можеби ќе биде побезбедно.
Израелските власти најавија „целосна опсада“ на појасот, со прекин на вода, струја и гориво. Галајини се обидел да ги нахрани трите мачки во станот на неговиот татко, иритиран што најмладата била толку исплашена од бомбите што не сакала да јаде.
Во вторник наутро, тој забележал дека хотелот кадешто бил сместен сo татко му, вујкото и неколку братучеди, почнал да ги рационализира резервите на храна.
Следниот ден, единствената електрана во Газа беше затворена. Галајини добил текст од пријател, во кој се опишуваат вести за дискусии за хуманитарен коридор за да им се дозволи на Палестинците да излезат од Газа.
Тој бил бесен зашто се разговарало за дозволување на Палестинците да излезат, а не за запирање на бомбите што паѓаа врз енклавата од копно, море и воздух.
Сè што остана од зградата каде Галајини се присетуваше на среќните детски спомени беше бледо бетонска рамка од вратата.
Утрото во петокот донел нов вид шок: Галајини се разбудил со веста дека израелската војска му наредила на целото население во северна Газа, 1,1 милион луѓе, да се евакуира на југ. Тие кажале дека испратиле СМС пораки, предупредувајќи ги луѓето на арапски. Тој не добил, и затоа почнал да ги прашува луѓето во близина и да им праќа пораки на пријателите надвор од Газа за да провери дали веста е вистинита.
Во хотелот Маштал, сцената била хаос – стотици луѓе засолнети во фоајето и ходниците очајно се обидувале да сфатат каде може да биде најблиското безбедно место и дали во блиската болница има простор. Збунето и преплашено, неговото семејство се натрупало во автомобил со се што можеле да понесат и побегнале за Кан Јунис на југот на енклавата.
Во саботата, протекле вести дека на некои, вклучително и двојни државјани како Галајини, може да им биде дозволено да преминат во Египет.
„Вујко ми и тетка ми и братучедите се тука. Не можам да ги оставам овде на нивната судбина. Чувствувам дека имам работа овде. Ужасно е што морам да направам избор помеѓу мојот живот и мојот дом“,
изјавил тој.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА: