Земјотресот бил почувствуван и во поширокото подрачје, вклучувајќи го и Сараево
Нов земјотрес утрово е регистриран во Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, тој се случил во 6:27 часот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а со епицентар 17 километри источно од крагот Столац и на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во поширокото подрачје, вклучувајќи го и Сараево, пренесуваат медиумите од БиХ.
Во петокот (22 април) вечерта кај Столац беше регистриран најсилниот земјотрес од низата што се случија изминативе два дена. Тој беше со јачина од 5,7 степени по Рихтер, а однесе и еден човечки живот откако врз семејна куќа падна голема карпа.
Потоа во текот на ноќта од петокот кон саботата беа регистрирани уште 30-тина други послаби земјотреси, а еден беше регистриран и синоќа со јачина од 3,3 степени.