До 7:30 часот утринава на територија на државата има 24 изгаснати пожари на отворен простор во рамки на кои главно се зафатени ниска вегетација, стрништа и отпад
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив три пожари се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати – соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај за состојбата со пожарите на отворен простор.

Активни пожари има на територија на Студеничани и Зелениково, во општините Гостивар и Македонски Брод, како и на територија на Чашка. Зафатени се мешана, нискостеблеста шума, ниска вегетација, папрат и смреки.
Под контрола се четири пожари и тоа – кај кичевското село Тајмиште, каде што е зафатена високостеблеста букова шума, помеѓу резерватот „Јасен“ и село Брезница во Македонски Брод, каде што се зафатени ниска вегетација и борова шума, пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и пожарот на депонијата во Делчево.
До 7:30 часот утринава на територија на државата има 24 изгаснати пожари на отворен простор. Во рамки на изгаснатите пожари главно се зафатени ниска вегетација, стрништа и отпад.
