Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите од сообраќајната полиција за време на атлетската трка
Утре попладне, од 16:30 часот во центарот на Скопје ќе посебен сообраќаен режим поради одржување на атлетска трка.
„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“,
најавија од МВР.
Атлетската трка е во организација на Атлетската федерација и ќе биде со траса од Порта Македонија, а ќе ги опфати улиците: „Никола Вапцаров“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и „Филип Втори Македонски“.