Поради најавениот протест на приватните превозници, кои, овој пат, со паркирани автобуси ќе блокираат на повеќе крстосници во главниот град СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот
Утре од 6 часот наутро Скопје ќе биде под посебен сообраќаен режим поради најавените блокади на приватните превозници, кои, овој пат, со паркирани автобуси ќе блокираат на повеќе крстосници во главниот град, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. ‘Илинден’ – од крстосницата на бул. ‘Илинден’ со бул. ‘Св. Климент Охридски’, до крстосницата од бул. ‘8 Септември’ и бул. ‘Илинден’ – крстосницата од ул. ’11 Октомври’ и бул. ‘Кочо Рацин’ (Црвен крст) и крстосницата од бул. ‘Гоце Делчев’ и бул. ‘Крсте Мисирков’ (Судска палата)“,
информираат од МВР.
Поради најавениот протест на приватните превозници, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.