Поради одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, утре на неколку сообраќајници во Скопје ќе важи посебен сообраќаен режим
Скопската полиција утре од 8:30 часот ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во главниот град поради одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи.
„Утре (12.03.2023) со почеток од 8:30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. ‘Св. Кирил и Методиј’ ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. ‘Св. Кирил и Методиј’, бул. ‘Кочо Рацин’, ул. ’11 Октомври’, ул. ‘Крушевска република’ до Тутунски комбинат Скопје“,
се посочува во соопштението на МВР.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници во текот на утрешниот ден.