За утре попладне во 15 часот ќе биде закажана седницата на која треба да се избере новиот претседател на Собранието, потврди актуелниот спикер Талат Џафери за Телма.
Како што појаснува тој, одлуката ја донел откако претседателот на државата Стево Пендаровски наајви дека утре, 13 август, ќе му го довери мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
За утре е најавена и средба на партиите од албанскиот блок, иако е незивесно дали лидерите на Алијанса за Албанците Зијадин Села и Алтернатива Африм Гаши ќе присуствуваат на истата. тие рекоа дека се за средба на албанските партии, но таа да се одржи следната недела.
Во меѓувреме, попладнево се одржаува и средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и Алтернатива Африм Гаши. Како што беше објавено, двајцата лидери имаат средба во хотел Белви на излезот од Скопје.