Мерките за посебен сообраќаен режим МВР ќе ги преземе поради официјалната посета на нашата држава од страна на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентон
Утре и задутре (27 и 28 април) во централно подрачје на Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим од страна на Министерството за внатрешни работи поради официјална посета на нашата држава од страна на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентон.
Од тие причини од СВР Скопје упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.