Новиот Закон за заштита од дискриминација, кој беше донесен во 2019 година, согласно со препораките на ЕУ, веќе не е дел од парвниот систем во земјава. Уставниот суд, на денешната седница реши да ја укине регулативата која доби позитивни мислења од Венецијанската комисија и од ОБСЕ, ама спорно е мнозинството со кое беше донесен, што е и основата за иницијативата за оценување на неговата уставност.
Законот беше донесен со 51 глас, но не беше потпишан од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. По повторното гласање во парламентот, Законот бешре донесен со 55 гласа, наместо со најмалку 61 глас.
Уставниот суд оценил дека во овој случај основано може да се доведе под сомнение согласноста на оспорениот закон со член 75 став 3 од Уставот, од причина што, според Судот, е донесен без потребното мнозинство, односно за него не гласале 61 пратеник.
