За оваа Уредба Судот ќе расправа на денешната седница, кога треба да одлучи дали ќе покрене постапка за испитување на нејзината уставност.
Над сто иницијативи за оценување на уставноста на владини уредби донесени во периодот по прогласувањето вонредна состојба во земјава се поднесени во Уставниот суд, меѓу кои е и Уредбата за „замрзнување“ на изборните дејствија.
За оваа Уредба Судот ќе расправа на денешната седница, кога треба да одлучи дали ќе покрене постапка за испитување на нејзината уставност.
Од Владата минатата седмица испратија мислење до Уставниот суд да ја отфрли иницијативата за преиспитување на Уредбата за изборите, со образложение дека таа е во согласност со Уставот.
На денешната седница, уставните судии треба да расправаат и за претставките за уредбите за јавни собири и за патни исправи за време на вонредна состојба, а на дневен ред се и одлуките за полицискиот час. Исто така, во агендата на денешната седница е и Законот за посебни права на претседателот на државата по престанокот на функцијата, за што иницијатива поднесе Антикорупциската комисија.
На седницата закажана за петок, пак, на дневен ред се иницијативите за оценување на уставноста на 23 владини уредби. Според информации од Судот, речиси нема уредба чија уставност не е оспорена, а голем дел од иницијативите се на Тодор Петров или на СМК. Сепак, има и претставки од други субјекти, како што беше случајот со Уредбата која предвидуваше минимална плата за државните функционери за април и за мај. Ова е можеби единствената владина уредба досега што падна на Уставен суд.
