Со одлуката на Уставниот суд за укинување на ДУП на Општина Центар нема да може повеќе да се издаваат одобренија за градење на конкретните локации опфатени со Деталниот урбанистички план бидејќи од денот кога одлуката на Судот ќе биде објавена во „Службен весник“ ДУП повеќе нема да важи
Ова, како што брифираат од Уставниот суд, значи дека оние граѓани и инвеститори што досега успеале да ги обезбедат сите потребни документи од Општина Центар и почнале или завршиле со градежните активности на наведените локации, меѓу кои се и атрактивните парцели на Водно, не се засегнати од денешната одлука бидејќи станува збор за укинување, а не за поништување на Деталниот урбанистички план. Од друга страна, пак, оние инвеститори што имаат интереси во оваа градска четврт и купиле плацови со намера да градат, но досега не ја обезбедиле потребната документација од Општината, согласно денешната одлука на Уставниот суд, нема да можат да го направат тоа кога одлуката на Судот ќе стапи во сила, односно со нејзино објавување во „Службен весник“
Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови го укина спорниот Детален урбанистички план (ДУП) донесен од Општина Центар во јули 2014 година, а со кој е опфатена градската четврт Ј 07, конкретно локациите Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Судот на 16 ноември минатата година одлучи да поведе постапка за предметот прифаќајќи ги наводите во иницијативата дека конкретниот ДУП бил донесен во незаконска процедура. Имено, во иницијативата до Уставниот суд било посочено дека одлуката на Советот на Општина Центар не била донесена со потребното мнозинство гласови на Советот.
Наместо со неопходни минимум 12 гласа, на седницата на Советот на Општина Центар на која се носела одлуката биле присутни 12 члена од вкупно 23, колку што тогаш броел Советот на Општина Центар, при што „за” гласале 11 члена, а само еден гласал „против”.
Токму на оваа недоследност при денешното одлучување се повикале мнозинството судии кои гласале за укинување на Деталниот урбанистички план на Општина Центар.
„Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа
изјави по денешната седница портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.`
за`, како што предвидува Законот. Согласно правното мислење на Уставниот суд од вкупно 23 члена, колку што броел советот, на седницата присутни биле 12 члена, од кои ‘за’ донесување одлука за ДУП гласале 11, а еден бил против. Уставот во својот член 110 предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со законите што не е случај во конкретната ситуација “,
Уставниот суд, додаде Беловска, оценил дека со донесувањето на одлуката за конкретниот ДУП во Општина Центар е нарушен еден од темелните вредности на уставниот поредок – владеењето на правото.
За укинување на спорниот ДУП на денешната седница гласале пет судии, додека еден од нив најавил издвоено мислење.
Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.
Судија известител по предметот беше Осман Кадриу, чие мислење на седницата одржана минатата година кога се одлучуваше дали да се прифати или не иницијативата на Симовски беше дека таа треба да се отфрли бидејќи судот претходно одлучувал за истиот Детален урбанистички план.
Со одлуката на Уставниот суд за укинување на ДУП, Општина Центар нема да може повеќе да издава одобренија за градна на конкретните локации опфатени со Деталниот урбанистички план бидејќи од денот кога одлуката на Судот ќе биде објавена во Службен весник ДУП повеќе нема да важи.
Ова, како што брифираат од Уставниот суд, значи дека оние граѓани и инвеститори што досега успеале да ги обезбедат сите потребни документи од Општина Центар и почнале или завршиле со градежните активности на наведените локации, меѓу кои се и атрактивните парцели на Водно, не се засегнати од денешната одлука, бидејќи станува збор за укинување, а не за поништување на Деталниот урбанистички план.
Од друга страна пак, оние инвеститори кои имаат интереси во оваа градска четврт и купиле плацови со намера да градат, но досега не ја обезбедиле потребната документација од Општината, согласно денешната одлука на Уставен нема да можат да го направат тоа кога одлуката на Судот ќе стапи во сила, односно со нејзино објавување во „Службен весник“.
Ова, одговарајќи на новинарско прашање, го појасни и портпаролката на Уставниот суд:
„Сè што е претходно издадено останува на сила затоа што станува збор за одлука која укинува, а не поништува. Се што понатаму ќе се бара како одобрение нема да има правен однос, како одобрение за градење или слично“,
рече Беловска.

Инаку, Уставен повтор пат одлучува по иницијатива која се однесува на овој ДУП. Претходно во 2014 година, кратко по неговото донесување, Судот ја отфрли иницијативата на тогашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, односно се прогласи за ненадлежен и воопшто не поведе постапка.
По осум години, актуелниот состав на Уставен одлучи да поведе постапка и денеска да одлучи да го укине ДУП, кој во јавноста е познат и како „Плацовите на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше првостепено осуден во отсуство на седум години затвор поради перење пари и противправно стекнување имот. Покрај него, затворски казни добија и неколкумина други, меѓу кои и неговиот поранешен кум Ристо Новачевски и ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Инаку, носењето на сега веќе укинатиот ДУП беше едно подраматичните поглавја во работата на Советот на Општина Центар откако СДСМ на локалните избори во 2013 година, по неколку прегласувања, ја презеде власта во Центар, а Андреј Жерновски стана нејзин градоначалник.
Тесното мнозинство во Советот од 12 советници на СДСМ наспроти 11 на ВМРО-ДПМНЕ првично го спречуваше носењето на урбанистичките решенија, потсетува „Призма“, но откако претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ беше уапсен, па пуштен во 2014 година, неговото однесување се смени. Додека другите советници од СДСМ не учествуваа на расправата за овој и за други ДУП, тој присуствуваше и гласаше против. Со тоа обезбедуваше мнозинство за Советот да може да работи, а резултатот од 11 гласа наспроти 1 беше толкуван како одлука за усвојување на планот.
Инаку, ДУП Ј07 подолго време е актуелен во јавноста поради обидите за градежен упад во шумата на Водно, за кои јавноста слушна и во „бомбите” на СДСМ.
Актуелниот градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во јуни годинава соопшти дека се стопираат сите градежни дејствија за овој план, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно до кои нема пристапен пат, а за кои жителите од тој дел на населбата долго време реагираат на обиди за градежен упад во шумата.