Владата, на денешната седница, го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на угостителскиот сектор, во рамки на економските пакети за поддршка за справување со последиците од ковид- кризата, која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година, со вкупен буџет од 60.000.000,00 денари.
Според информацијата, заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполниле условите од јавниот повик и се искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари. Со оваа програма беа опфатени и игротеките, со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнале вкупно 119 апликации од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.
