Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На тестирање за коронавирус биле подложени бидејќи сите тројца, кои се македонски граѓани, изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.
Во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на скопскиот аеродром.