Седумте јавни седници, за секој предмет поединечно, ќе се одржат во просториите на Управниот суд на временски интервал од два часа. Првата седница е закажана во 10:30 часот утринава, а последната во 22:30 часот
Управниот суд денеска ќе одржи неколку јавни седници за предметите кои ги оформи по однос на тужбите поднесени од „Европскиот фронт“ во врска со решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори. Информацијата е објавена на веб-страницата на Судот.
Седумте јавни седници, за секој предмет поединечно, ќе се одржат во просториите на Управниот суд на временски интервал од два часа. Првата седница е закажана во 10:30 часот утринава, а последната во 22:30 часот.
Судот вчера информира дека оформил седум предмети по однос на тужбите кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе против решенијата одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори и дека ги презема сите дејствија согласно Изборниот законик.