Според соопштението на Управата, при инспекцијата на затворот било констатирано она што вчера за медиумите го тврдеше директорот на КПД Струга , Ваљон Ќура, дека од судот добил две наредби за спровод на Мијалков со ист датум
Со документи вчера возврати и Кривичниот суд од каде до медиумите споделија фотографии од повратницата од доставата на наредбата за спровод во која во графата Евиденција стои датумот 22.12.2022, односно вчерашниот датум кога Мијалков требаше да биде донесен во судот. Содржината на овој документ останува мистерија во целиот случај. Управата за извршување санкции нема надлежност да ја проверува работата на судовите, што го отвора прашањето дали за негово целосно расчистување ќе се вклучати други институциите, во прв ред Судскиот совет
Не станува збор за погрешно постапување на вработените во струшкиот затвор, туку за превид на службите на Основниот кривичен суд Скопје, е заклучокот на Управата за извршување санкции по вонредниот инспекциски надзор во Казнено-поправниот дом Струга извршен денеска за да се утврди зошто ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков вчера не беше спроведен на судењето за „Титаник 2“.

Според соопштението на Управата, при инспекцијата на затворот било констатирано она што вчера за медиумите го тврдеше директорот на КПД Струга , Ваљон Ќура, дека од судот добил две наредби за спровод на Мијалков со ист датум.
„Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М. да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година. Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата закажана за 12.12.2022 година, заклучено е дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт“,
се наведува во соопштението од Управата за извршување санкции.
Оттаму потенцираат дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, „а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби“.
„Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга“,
се додава во соопштението во врска со вонредниот инспекциски надзор.
При инспекцијата, како што информираат оттаму, од Управата за вчерашниот случај разговарале и со Мијалков, кој треба да биде спроведен во Основниот кривичен суд Скопје в понеделник за кога судијата Огнен Ставрев го закажа следното рочиште по вчерашното фијаско со спроводот на ексдиректорот на УБК.
Струшкиот затвор, како што информираат од Управата денеска по електронска пошта бил известен за рочиштето и „спроводот на осудениот е веќе планиран“.
За потсетување, Мијалков во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна откако се спогоди со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во случајот „Империја“.
Отсуството на Мијалков од вчерашното рочиште за случајот „Титаник 2“ каде е еден од обвинетите, иницираше преписка на јавна сцена меѓу директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура и Основниот кривичен суд Скопје.
Според Ќура, причината што не го спровеле Мијалков тој ја лоцираше во наредбите за спровод на Основниот кривичен суд Скопје, односно погрешни датуми наведени во нив. Тој сподели и фотографии од наредбите.
Според неговата изјава, во КПД Струга на 28 ноември стигнала прва наредба од скопскиот суд за ексдиректорот на УБК да биде спроведен на рочиште закажано на 12 декември. Од затворот, како што наведува Ќура, постапиле по наредбата и го спровеле Мијалков, но го вратиле назад бидејќи рочиштето се одложило.

Потоа на 14 декември стигнала нова наредба за спроведување на Мијалков за рочиште за истиот предмет, но повторно со истиот датум – 12.12.2022.

Со документи возврати Кривичниот суд од каде до медиумите споделија фотографии од повратницата од доставата на наредбата за спровод во која во графата Евиденција стои датумот 22.12.2022, односно вчерашниот датум кога Мијалков требаше да биде донесен во судот.

Од Кривичен, пак, спротивно од директорот тврдат дека немало никаква грешка во датумите. Од судот преку соопштение појаснија дека согласно судската пракса по која се постапува, наредбата за спровод на лице, може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи евиденцискиот број на повратницата која ја добива затворот.
Сепак, содржината на овој документ, одсносно повратницата останува мистерија во целиот случај. Управата за извршување санкции нема надлежност да ја проверува работата на судовите, што го отвора прашањето дали за негово целосно расчистување ќе се вклучати други институциите, во прв ред Судскиот совет.
Случајот „Титаник 2“, каде Мијалков седи на обвинителна клупа, се однесува на договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година. Покрај Мијалков обвинети се и лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Ова е втор пат да се води постапка пред првостепениот суд бидејќи по осудителната пресуда со затворски казни за сите обвинети, Апелацискиот суд Скопје го врати предметот на повторно судење.