МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници
Утре во официјална посета на Македонија ќе пристигне претседателката на Унгарија, Каталин Новак, поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје“,
известуваат од министерството.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.