Украинските сили тврдат и дека во текот на ноќта биле уништени 11 беспилотни летала од типот „шахед“, кои биле лансирани од источен правец
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека утрово собориле 54 руски крстосувачки ракети од вкупно 69 лансирани кон Украина, пренесува британски „Гардијан“.

„Руските окупатори го продолжуваат теророт врз цивилите во Украина со напаѓање објекти на критичната инфраструктура на нашата земја. На 29 декември непријателот изврши уште едно масовно гранатирање на Украина со ракети и беспилотни летала камикаѕи“,
тврди командата на воздухопловните сили на Украина на Фејсбук.
Украинските сили тврдат и дека во текот на ноќта биле уништени 11 беспилотни летала од типот „шахед“, кои биле лансирани од источен правец.
„Непријателот ја нападна Украина со ракети од стратешки бомбардери од областа Волгодонск, Ростовска област и северната област на Каспиското Море, како и со ракети од бродовите во Црното Море. Вкупно, според прелиминарните податоци, окупаторските трупи употребиле 69 проектили. 54 непријателски проектили беа уништени од средствата на воздухопловните сили, во соработка со другите компоненти на одбранбените сили на Украина“,
се наведува во соопштението.
Слична информација од украинските воздухопловни сили е објавена и на Твитер.
This morning, ?? launched air- and sea-based cruise missiles and anti-aircraft-guided missiles at the S-300 air defense system.
— Ukrainian Air Force (@KpsZSU) December 29, 2022
According to preliminary data, 69 missiles were launched in total. 54 enemy cruise missiles were shot down by the assets of the Defence Forces of ??.
Утринава околу 6 часот, алармите за воздушен напад се огласија во главниот град на Украина Киев, како и во јужните региони Херсон и Миколаев и во западниот регион Житомир.
„Во главниот град е прогласена тревога! Одете во засолништето! Останете во засолништата додека не се укине тревогата за воздух!“,
беше објавено од градската воена управа на Киев.
Во врска со ситуацијата на линиите на фронтот, шефот на украинската воена разузнавачка агенција изјави дека борбите во Украина моментално се во мирување бидејќи ниту Украина ниту Русија во моментов не можат да постигнат значителен напредок.
„Ситуацијата едноставно е заглавена“,
рече Буданов во интервју за Би-би-си.
Откако украинската армија го врати Херсон во ноември, повеќето од најжестоките борби се водат околу Бахмут во областа Донецк. На друго место, руските сили се чини дека се во дефанзива, а зимата ги забави копнените операции на Украина.
Буданов рече дека Русија „сега е целосно во ќор-сокак“ и трпи значителни загуби и смета дека Кремљ одлучил да објави нова мобилизација на регрути. Тој, исто така, наведува дека на украинските сили им недостасуваат ресурси за напредување.