Во објава на Телеграма од денеска, украинската безбедносна агенција СБУ соопшти дека спроведува „контраразузнавачки мерки“ со цел да се спротивстави на „субверзивните активности на руските безбедносни служби во Украина“
Украинските безбедносни служби извршиле рација во историскиот манастир во Киев со цел да спречат руските агенти да ја користат локацијата за саботажа, разузнавање или оружје, јавуваат агенциите.
Покрај историскиот манастир Печерска Лавра, рации беа извршени и во други згради на Украинската православна црква (УПЦ) како дел од истрагата за сомневањата за проруски активности.
Манастирот од 11 век и светско културно наследство на УНЕСКО, кој е познат и како Пештерски манастир, е седиште на огранокот на Украинската православна црква, кој претходно беше под јурисдикција на Рускиот православен патријарх во Москва. Тие ги прекинаа врските со Москва во мај поради руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Во објава на Телеграма од денеска, украинската безбедносна агенција СБУ соопшти дека спроведува „контраразузнавачки мерки“ со цел да се спротивстави на „субверзивните активности на руските безбедносни служби во Украина“.
Кратко време подоцна, регионалната канцеларија на СБУ во регионот Ривне соопшти дека слични операции биле преземени во манастирот Корец и неколку други објекти на УПЦ во регионот.
Од СБУ велат дека операциите имале за цел да ги спречат објектите да се користат како „центри за рускиот свет“ и да бараат субверзивни групи, странски државјани или нелегално оружје.
„Руски свет“ е терминот кој има централно место во надворешната политичка доктрина на Кремљ, која има за цел да ги промовира рускиот јазик, култура и религија низ светот.
Портпаролот на Руската православна црква во Москва ги осуди рациите на СБУ како „чин на заплашување на верниците“. Рускиот православен патријарх Кирил е гласен поддржувач на војната на Русија против Украина.
Истражување од 2020 година покажа дека 34 отсто од Украинците се идентификуваат како членови на Православната црква на Украина, главната православна црква во земјата. Четиринаесет проценти рекле дека се членови на УПЦ.