Украинската армија воведе 38-часовен полициски час во Запорожје, кој почнува денеска попладне и ќе заврши рано наутро в понеделник, изјави денеска заменик градоначалникот Анатолиј Куртиев.
Запорожје е важна транзитна точка за некои од 35.000 луѓе кои избегаа од опколениот град Мариупол.
Од друга страна, утринава се отвора хуманитарен коридор за евакуација во украинската област Луганск, објави регионалниот гувернер Серхи Гајдеј.
„Договорен е хуманитарен коридор, ќе се обидеме денеска да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна. Договорен е „режим на тишина“ за 19 март, со почеток во девет часот (осум часот по македонско време)“,
истакна Гајден.