Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 града во Донбас, тврди украинската армија.
„Окупаторите гранатираа повеќе од 40 града во регионите Донецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“,
соопштија украинските вооружени сили на Фејсбук.
Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а се уништени четири тенка и четири дрона.
Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници. Во објавата не се прецизира кога се случиле нападите.