Пристапните разговори, кои се повеќе симболични одошто суштински, треба да започнат денеска напладне во Луксембург на две меѓувладини конференции што ЕУ ќе ги одржи одделно со двете земји. Преговорите, пишува Ројтерс, ќе започнат посериозно дури откако ЕУ ќе помине низ законодавствата на Украина и Молдавија за да ги процени сите потребни реформи кои земјите треба да ги спроведат за да ги исполнат стандардите на Унијата
Украина и Молдавија денеска и официјално ги започнуваат преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).
Пристапните разговори, кои се повеќе симболични одошто суштински, треба да започнат денеска напладне во Луксембург на две меѓувладини конференции што ЕУ ќе ги одржи одделно со двете земји. Преговорите, пишува Ројтерс, ќе започнат посериозно дури откако ЕУ ќе помине низ законодавствата на Украина и Молдавија за да ги процени сите потребни реформи кои земјите треба да ги спроведат за да ги исполнат стандардите на Унијата.
Одлуката на блокот за почеток на разговори доаѓа две недели откако Европската Унија објави дека двете земји ги исполниле потребните услови за почеток на преговорите. Дипломатите на ЕУ се залагаат за почеток на разговорите во јуни пред Унгарија да го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ на 1 јули.
Украина и Молдавија аплицираа за влез во ЕУ во 2022 година по руската инвазија на Украина.