Возилото го управувало 29-годишно лице од Албанија кое вчера вечер на граничниот премин се пријавило за влез во Македонија, соопшти МВР
На граничниот премин „Свети Наум“ на македонско-албанската граница полицијата синоќа одзела возило „порше“ за кое при граничната проверка било утврдено дека е пријавено за украдено.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи синоќа во 23 часот на на ГП „Свети Наум“ за на влез во С Македонија се пријавил Л.Х. (29) од Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки.
По извршени гранични проверки, било констатирано дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата на Интерпол.
„Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираат од МВР.