Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека викендов времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Од УХМР посочуваат дека денеска температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни вечер и утре преку ден.