До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Информираат од УХМР.
Според овие информации, локално, особено во ноќните часови ќе има поинтензивни поројни дождови, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.