Претставници на угостителската и туристичката дејност на средба со вицепремиерката Мила Царовска побараа продолжување на државната финансиска помош за справување со последиците од ковид-19.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции, како и за потребата од носење нови мерки.
Посочиле дека угостителите, туристичките работници и превозниците, трпат најголеми штети од пандемијата
„На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички“,
стои во соопштението.