Обвинителството за утре најавува повеќе детали за случајот и за можните сторители
Убиена е 67-годишна жена во Струмица. По увидот на полицијата и на обвинителството во нјзиниот дом стигна потврда дека смртта настанала по насилен пат.
„Смртта кај струмичанката, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата ‘Балканска’ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат,
информирале за МИА од Основното јавно обвинителство.
Од полицијата информирaат дека случајот бил пријавен кај нив, по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден женски труп.
Увидот од страна на полицијата и обвинителството заврши пред малку, но, повеќе детали не се соопштуваат. Само кусо информираа дека во текот на утрешниот ден ќе се знаае повеќе за настанот, како и за можните сторители.