По целосното документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Блаце“ вчера попладне уапсиле две лица кои со возила превезувале петмина мигранти со потекло од Мароко, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, станува збор за А.Т. (60) и Г.И. (54) , и двајцата од селото Волково.
„На 10.2.2025 околу 12.50 часот на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Блаце’ ги лишиле од слобода А.Т. (60) и Г.И. (54), двајцата од с.Волково, Скопско, затоа што во возила ‘фиат стило’ и ‘фолксваген пасат’, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко“,
се наведува во соопштението.
Според МВР, полицајците ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземените мерки ги запреле, а двајцата возачи ги лишиле од слобода.
По целосното документирање на случајот, против двајцата жители на Волково ќе биде поднесена соодветна соодветна пријава, додаваат од Министерството.