Според МВР, возилото што го управувал 34-годишниот државјанин на Србија со иницијали М.М. имало регистарски таблички од друго возило
Српски државјанин вчера попладне бил уапсен откако во возилото што го управувал екипа на полициската станица за граничен надзор Сопот пронашла дузина мигранти од Непал, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Настанот се случил во 17:50 часот на автопатот „Пријателство“, поточно на делницата Табановце-Куманово. Според МВР, возилото што го управувал 34-годишниот државјанин на Србија со иницијали М.М. имало регистарски таблички од друго возило.
„Во возило ‘фолксваген пасат’ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал. М.М. бил предаден на полициски службеници од полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
се наведува во соопштението на МВР.