Твитер соопшти дека се блокирани десетици илјади профили поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.
Профилите се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користи за натамошна анализа.
Кинеската мрежа на профили се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, теории на заговор за ситуацијата во Хонгконг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.
Како што е наведено во соопштението, руските профили служеле за пропагирање на владејачката партија и за напад врз нејзините критичари.
Турските профили, пак, биле користени за промовирање на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти Твитер.
*Поврзани вести
Твитер пак се закачи со Трамп откако му тргна видео посветено на Џорџ Флојд