Гласањето на лицата во изолација и лицата со ковид-19 во Општина Чаир сѐ уште не е започнато, јавува ТВ 21. Според телевизијата, причина за доцнењето е проверка на материјалите за гласање од страна на членовите на изборна комисија.
Одложувањето предизвикало револт кај останатите членови кои чекаат уште од 10 часот.