Според ЦУК, активен пожар има на територијата на Општина Македонски Брод во селото Грешница, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 7:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати.
Според ЦУК, активен пожар има на територија на Општина Македонски Брод во село Грешница, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, додека под контрола е ставен пожарот во Општина Делчево, кај депонијата.
ЦУК информира за локациите на изгаснатите 18 пожари:
Општина Карпош: ул. „Скупи“ бб (ѓубре и бандера);
Општина Петровец: с. Огњанци (ѓубре);
Општина Бутел: с. Визбегово (ѓубре);
Општина Битола: с. Логоварди (слама во двор);
Општина Битола: м.в. Ергела (ниска вегетација);
Општина Богданци: помеѓу с. Стојаково и с. Селемли (дива депонија);
Општина Прилеп: ул. „Дебарца“, м.в. Теќе (дива депонија);
Општина Долнени: с. Житоше (ниска вегетација);
Општина Кавадарци: с. Дреново (ниска вегетација);
Општина Неготино: кај Градски гробишта (ниска вегетација);
Општините Виница и Зрновци: помеѓу с. Зрновци и с. Лески (стрниште);
Општина Липково: помеѓу с. Слупчане и с. Ваксинце (ниска вегетација);
Општина Кратово: с. Талашманце (ниска вегетација, грмушки и неколку багреми);
Општина Ранковце: с. Герман (ниска вегетација);
Општина Желино: с. Горна Лешница (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Теарце: с. Теарце (ниска вегетација, грмушки, меѓи и стрништа);
Општина Гостивар: во близина на Ѓоновички Мост (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Гостивар: с. Падалиште (шума).
